ФОТО | „Таа е радоста на мојот живот“: Стела e најмладата ќерка на Жан Пол Белмондо

Фото: Profimedia

Кога имаше седумдесет години, актерот Жан Пол Белмондо го доби своето четврто дете. Стела Ева Анџелина Белмондо денес има 18 години и прерасна во вистинска убавица.

Тоа беше 1989 година, Жан Пол Белмoдно беше на прагот на шеесеттите години кога ја запозна танчерката Нати Тардивел, која тогаш имаше само 24 години.

Фото: Profimedia

Белмондо веќе имаше три деца и веројатно не ни помислувал на уште едно дете. Сепак, по скоро десет години заеднички живот, Жан Пол се ожени со Нати во 2002 година, а една година подоцна, на 13 август 2003 година, Белмдно го доби своето четврто дете, ќерката, Стела Ева Анџелина.

Меѓутоа, кога девојчето наполни пет години, славниот пар одлучи да се разведе.

Големи сини очи и долга руса коса, Стела Ева Анџелина ја наследи убавината на нејзината мајка, со која речиси секоја година може да се види на престижниот тениски турнир во Париз Ролан Гарос.

„Таа е неверојатен подарок во мојот живот. Внимателна, нежна и толку женствена иако има само 13 години. Поради нејзините извонредни оценки и подарив коњ. Таа е одличен јавач, и покрај возраста, а притоа често ја следам на турнири. Таа е радоста на мојот живот“, рече во една прилика Жан Пол Белмондо.

Почина легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо

Видео на денот