Таа е прогласена за најубава на светот: Нејзиното лице е совршено!

Американскиот супермодел Бела Хадид (23) е прогласена за најубава жена на светот според најновото истражување, пишуваат британските медиуми.

Instagram

Цртите на нејзиното лице со 94,35% одговараат на „златниот рез“, мерка која го претставува физичкото совршенство.

Instagram

Нејзините очи, веѓи, нос, усни, образи и обликот на лицето се скоро совршени според поимот за убавина на Старите Грци.

Списокот на најубавите жени го состави хирургот Јулиан де Силва, кој изјави дека нејзината симетрија на лицето е најблиска до совршенството.

Второто место го зазема пејачката Бијонсе, а третото глумицата Амбер Хард. Во топ десет најубави се наоѓаат и Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кејти Пери и Кара Делевињ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот