Таа е новата Мис на светот, Македонија и оваа година без претставничка (ВИДЕО)

Фото: upnewsinfo.com

Преубавата Тони Ен Син (23) од Јамајка е новата Мис на светот на изборот кој вечерва се одржа во Лондон.

Круната за најубава жена на светот и ја предала манекенката од Мексико Ванеса Понче де Леона, минатогодишната најубава жена на светот.

Последен пат оваа титула ја понела девојка од Јамајка во 1993 година.

Прва придружничка е прогласена Офели Мезино од Франција, додека трето место зазеде Суман Рао од Индија.

Инаку нашата земја и оваа година остана без своја претставничка на најпрестижниот избор за убавина. Лиценцата од Македонија за овој светски избор ја има Лидија Велковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот