ТАА Е НАСЛЕДНИЧКА НА БОРИС ЏОНСОН? Џо Свинсон ветува целосен пресврт во британската политика

Британските Либерал демократи најавија дека ќе го откажат Брегзит доколку победат на изборите. Членовите на оваа партија изгласале нова политика на конгресот на партијата во Бормут, а лидерот на либералите Џо Свинсон веќе себе се претставува како кандидат за следна премиерка на Велика Британија.

„Старите игри пропаднаа. Потребна ни е нашата држава. Сега мора да ја искористиме шансата. Нема ограничувања кога се во прашање моите амбиции за нашата партија. Пред вас стојам како ваш кандидат за премиер“, рекла Џо Свинсон.

Таа инсистирала дека обидот за откажување на Брегзит е исправен.

„Ќе направиме се да се избориме за нашето место во Европа и во целост да го запреме Брегзит“, порачала Свинсон.

„Брегзит без договор е како палење куќа. Можеби имате осигурување, но сигурно ќе ги изгубите сите свои работи“, убедена е таа.

За актуелниот премиер Џонсон вели:

„Да се замолкнат противниците. Да се елиминираат критичарите. Да се игнорира законот. За некој кој тврди дека ги мрази социјалистичките лидери, Џонсон прилично личи на нив“, вели Свинсон.

Некои сметаат дека Свинсон си игра со оган и дава нереални ветувања.

Пратеникот во заминување од Либерал демократите задолжен за Брегзит изјави дека „таквата политика претставува закана за унијата и ризикува да ја влоши поделбата во земјата“.

Слични критики пристигнаа и од лорд Пол Скривен кој на Твитер напишал: „Нашата нова политика за членот 50 е погрешна и ние вложуваме голем напор да укажеме на тоа. Не ќе можеме да го одржиме единството во земјата доколку еднострано постапуваме на овој начин. Забележувам хаос во општеството кој го предизвика Брегзит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот