Таа е најконтроверзната македонска пејачка: Се слика гола и симулира се*с со сладолед (ФОТО)

(Фото: Инстаграм)

Дефинитивно битолчанката Принцес Донатсу како што се потпишува секаде е најконтроверзната пејачка која се појавила на македонската музичка сцена.

Кој тоа таму настапува? Бидејќи сите ги кренале телефоните за да снимаат! Како гром од ведро небо, македонската сцена се запозна со Принце$$ Донатсу.

„Пристојно ситуиран живееш на брдата
девојкати не следи ама нема инстаграм
не ми се јави јас те чекав со чупината
последна шанса и се враќам пак во Битола
ќе доминирам кога газам по широк сокак
и тогаш нема својот инбокс да го проверам

Не ми се јави јас те чекав со чупината
последна шанса и се враќам пак во Битола”

Пеејќи ги овие стихови по гаќички во хотелска соба, новата принцеза на современото музичко изразување, за само неколку часа имаше рекордна бројка од прегледи на Youtube, и се разбира, многу позитивни и негативни коментари. Но, тоа не е битно сега. Битно е дека каде и да настапува Донатсу, таа е во центар на вниманието, барем според она што може да се забележи од социјалните медиуми. Иако зад себе има само 2 видеозаписи, чупево е на пат за многу повеќе, бидејќи автентичноста секогаш се памети, па така Кика веќе има свои обожаватели кои дефинитивно знаат дека Принце$$ Донатсу е многу повеќе од девојче што се соблекло пред камера (и притоа добило лоши коментари, бидејќи во ред е кога сите светски ѕвезди го прават тоа, ама кога девојче од тука блика со самодоверба и доловува битна порака преку креативно изразување, првото прашање е „На што дроги е малава”).

Дефинитивно битолчанката Принцес Донатсу како што се потпишува секаде е најконтроверзната пејачка која се појавила на македонската музичка сцена. Покрај нејзиното активно учество во „Фчерашни новости”, Кика успева преку сарказам и хумор и во своите стихови да го избегне cheesy изразувањето и да долови поента. Проникливоста, автентичноста и искреноста на младата Донатсу е совршена комбинација која создава песни и спотови кои ќе котираат високо и на балканската сцена (пред само неколку дена, забележавме дека Донатсу беше на стори кај MAC – Music Awards Cerenomy, што најверојатно значи дека на второто издание на престижната манифестација, нашата млада креативка ќе ја добие и првата номинација во некоја од категориите, што е навистина за поздрав!)
(Фото: Инстаграм)
Напред чупе!

 

(Фото: Инстаграм)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот