ТАА Е КАРЛОВИЌ СО ГОЛЕМИ ГРАДИ: Нов сексистички испад на тениски меч! (ВИДЕО)

twitter.com/WTA

Мисаки Дои (28) беше поразена од Германката Јулија Гергес, по сетови 5:7, 6:1 и 6:3. Но, ваквиот резултат беше во втор план, односно мечот го одбележа непримерниот коментар кој го имаше тренерот Кристиан Захалка во моментите кога ѝ даваше совети на Јапонката Дои во текот на дуелот.

При резултат 5:4 во првиот сет, таа го повика тренерот на консултација. Во текот на разговорот, тој алудирајќи на силните сервиси на Гергес, рече:

– Знам, тоа е како да играш против Иво Карловиќ со големи гради – беа зборовите на тренерот на Дои.

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ е познат по силните сервиси, во својата 19-годишна кариера забележал повеќе од 13.500 асови.

Јулија Гергес во светот на ВТА е позната исто така по силниот сервис, а оваа сезона веќе ги има вкупно 258.

Ова е уште еден сексистички испад на тениските мечеви, на почетокот од месец октомври главен судија беше суспендиран поради непримерни коментари кон малолетно девојче кое ги собираше топчињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот