Сѐ започна со писмото што ја откри тајната на милијардерот: Мелинда ќе добие 65 милијарди долари од разводот со Бил Гејтс?
Разводот, кој буквално вреди милијарди, заврши во понеделникот во судот во округот Кинг, во сојузната држава Вашингтон.
Брачната милијардерска двојка Бил и Мелинда Гејтс 27 години важеа за еден од најстабилните парови, а нивната работа во хуманитарната организација што го носи нивното име предизвикува само воодушевување.
Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!
Немаат предбрачен договор
Но, веста дека се разведуваат, го шокираше светот пред три месеци. Разводот, кој буквално вреди милијарди, заврши во понеделникот во судот во округот Кинг, во сојузната држава Вашингтон.
Со оглед на тоа дека немале предбрачен договор, тие одлучиле да го поделат имотот вреден повеќе од 130 милијарди. Американските медиуми пренесуваат дека Мелинда Гејтс ќе добие неверојатни 65 милијарди долари, притоа задржувајќи го и презимето Гејтс.
Разводот го откри несоодветното однесување на Бил Гејтс
Набргу по објавувањето на веста за разводот, во јавноста се појавија гласини дека Гејтс ја изневерувал својата сопруга и дека има дури и случаи на сексуална злоупотреба во периодот кога бил на чело на „Мајкрософт“.
Британски „Дејли мејл“ пишува дека до проблеми во бракот дошло откако Мелинда Гејтс во 2019 година го прочитала писмото напишано од вработен во „Мајкрософт“, во кое се наведува дека нејзиниот сопруг имал несоодветна врска со вработена во компанијата.
Гејтс беше сменет во 2020 година од неговата позиција како член на одборот на „Мајкрософт“ по истрагата за неговото однесување и аферата со вработената, која наводно завршила во „пријателски тон“.
Мелинда во разводот не барала алиментација, бидејќи на денот кога таа поднела барање за развод, добила акции во износ од 2 милијарди долари. Еден ден подоцна, поранешниот лидер на „Мајкрософт“ на тоа додал и 25 милиони акции на мексиканската „Кока-Кола“ во нејзиното портфолио.