Сѐ уште е лимитиран влезот на камионите на Евзони

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Новите мерки што се воведени од грчките надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на транспортерите од двете страни, ќе важат и викендов. Поточно, најмалку до понеделник, кога се очекува одговор од грчката страна на вчерашните барања од нивните камионџии за симнување на мерките и за нормализирање на транспортниот сообраќај, потврди утрово Лефтер Андонов, генерален секретар на АМЕРИТ.

Вчера писмено реагирале и нашите надлежни органи по што, велат од АМЕРИТ, ќе почекаат до понеделник да стигне одговорот од грчките надлежни органи, а потоа ќе донесат решение за понатамошните чекори.

Дотогаш, транспортниот сообраќаен режим за излез и влез во Македонија на граничните премини Богородица и Евзони продолжува да се одвива со примена на заштитните мерки од Ковид-19 на грчката страна. Во Грција ќе влегуваат само возачите на камиони со негативен резултат од брзите бесплатни ПЦР тестови, а ГП Евзони и понатаму е отворен за влез и излез од Грција од 7 до 19 часот.

Моментно, поради актуелната ситуација, низ премините Богородица и Евзони минуваат помалку и претежно празни камиони, чиј број е многу намален, а натоварените со роба, вели Андонов, се принудени да минуваат повеќе километри преку Бугарија и да влегуваат во Грција преку ГП Промахонас, каде нема никакви ограничувања за возачите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот