СзС на Ѓилас не излегува на избори, но тој ветува: Србија шест месеци по смената на Вучиќ ќе има подобар живот - Слободен печат

СзС на Ѓилас не излегува на избори, но тој ветува: Србија шест месеци по смената на Вучиќ ќе има подобар живот

Тој го претстави планот „Србија 2020“, со кој се предвидува дека шест месеци по смената на Вучиќ, Србија ќе живее подобро и „ќе се врати достоинството на граѓаните“ и дека тоа е можно да се оствари годинава.

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, изјави денеска дека Сојузот за Србија (СзС), опозициска коалиција чиј претседавач е тој, нема да излезе на претстојните избори.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас оцени дека на сите им е јасно зошто се намалува цензусот и рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ „не знае каде удира, бидејќи сè му распаѓа“.

-Дали некој знае колку партии има во парламентот? Па, не знае, дури 32, а самостојни пратеници 21. Дали мислите дека цензусот се намалува за да се зголеми демократијата и да има уште повеќе партии? Сите знаат за што станува збор – изјави Ѓилас.

Тој го претстави планот „Србија 2020“, со кој се предвидува дека шест месеци по смената на Вучиќ, Србија ќе живее подобро и „ќе се врати достоинството на граѓаните“ и дека тоа е можно да се оствари годинава.

Прочитајте и...  Србија: Лажна тревога за заболен од коронавирус, се применуваат превентивни мерки

Наведувајќи дека верува во програмата, Ѓилас рече дека граѓаните можат да му веруваат, бидејќи тој не само што се занимавал со политика, туку и „постигнал резултати“ со својата фирма и како градоначалник.

Претставувајќи го планот „Србија 2020“ , тој рече дека сега од српскиот буџет се фрлаат две милијарди евра за непотребни проекти, додавајќи дека веднаш по смената на сегашната власт, лекар почетник ќе има плата од илјада евра наместо сегашните 650, додека наставниците ќе имаат почетна плата од 700 евра.

Според Ѓилас, ваквите потези ќе доведат до ланец на промени, бидејќи повеќе ќе се купува, вработува, а граѓаните нема да бидат само „броеви“ на власта.

Пред неколку дена, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека се залага за намалување на изборниот праг од пет на три проценти, проценувајќи дека ова ќе го „врати животот“ во парламентот, за кој рече дека така ќе биде многу порепрезентативен.

Прочитајте и...  Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена

Вучиќ денес, дообјаснувајќи ја оваа идеја рече дека сите што сакаат да учествуваат на изборите се согласуваат со спуштањето на цензусот и дека против ова се оние што ќе ги бојкотираат изборите, додавајќи дека може да ги разбере политички коментари, но праша кое право и е загрозено на опозицијата.

-Ним им е загрозено правото да не можат да кажат еве Српската напредна партија (СНС) има 60 проценти од парламентот, Социјалистичката партија(СП) речиси исто, а останатите речиси и да не постојат.

Прочитај повеќе

Мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Слободен печат

Познати сите жртви во хеликоптерската несреќа во која загина Брајант (ФОТО)

Слободен печат

Андоновиќ: Исходот од изборите во поранешните југословенски републики ќе ја трасира иднината на Балканот

Слободен печат

Стејт департментот бара Ирак да ги заштити дипломатските институции на својата територија

Слободен печат

Шешов: Истражувањата одат кон тоа да се предвиди очекуваната земјотресна магнитуда во одредено жаришно подрачје

Слободен печат

ИНЦИДЕНТ ВО ИРАН: Авион се лизна од пистата, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар

one × 5 =

Прочитај повеќе

Трибина „Дигитализација на јавните услуги”

Слободен печат

Славевски: Изборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и деновиве ќе биде промовирана

Слободен печат

Аудио книгите ќе ја вратат навиката да се чита

Слободен печат

Анимиран филм ја предвидува хеликоптерската несреќа на Коби Брајант?

Слободен печат

Кина ќе издвои 8,74 милијарди долари за борбата против коронавирусот

МИА Агенција

Најмалку тројца повредени при нападот врз Амбасадата на САД во Багдад

МИА Агенција