СЗО: Зимата се ближи, а ковид-19 се шири со алармантна брзина

Фото: Профимедиа

Светската здравствена организација предупреди дека ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип.

– Почнуваме да гледаме вознемирувачки трендови во некои држави, изјави Марија ван Керхов, водечки технички експерт за ковид-19 при СЗО, на презентацијата преку социјалните мрежи.

– Гледаме зголемување на бројот на луѓе примени во болници, оние кои се примени на интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои држави во САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната, нагласи таа.

– Во неколку земји, расте бројот на примени лица во болница на возраст меѓу 15 и 49 години заразени со ковид-19, додаде Ван Керч.

Мајк Рајан, раководител на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација, ги советуваше луѓето со висок ризик да заболат од Ковид-19, да се вакцинираат против грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот