СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши

Фото: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Светската здравствена организација (СЗО) во моментот е против воведувањето на специјални сертификати или ковид пасоши за луѓето кои примиле вакцина против коронавирусот, изјави денеска претставникот на СЗО за Русија, Мелита Вујнович.

-СЗО е јасна за ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасоши, изјави Вујинович за телевизискиот канал „Русија 24″, пренесе Тасс.

Истовремено, Вуjнович не ја исклучува можноста СЗО во одреден момент да даде предлози за содржината на пасошот.

-Се разбира, земјите го следат нивниот курс, секоја држава се обидува да им овозможи на своите граѓани да се движат што е можно повеќе. СЗО ќе соработува со сите земји по ова прашање, додаде таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понедленикот изјави дека комисијата во мафрт планира да го претстави својот проект за единствен сертификат за вакцинација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот