СЗО загрижена дека вториот бран на коронавирусот ќе резултира со раст и на смртните случаи од ковид-19

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) д-р Соумија Сваминанатан денеска изрази загриженост што актуелното зголемување на инфекциите со ковид-19 на глобално ниво наскоро ќе биде проследено и со значително зголемување на бројот на смртни случаи, што сега изнесува околу 5.000 на ден.

Британските медиуми пренесуваат дека бројот на новоинфицирани насекаде драматично расте, па сега Велика Британија и Италија соопштуваат дека имаат по речиси 20.000 нови инфекции дневно, додека Швајцарија, Русија и другите земји пријавуваат рекорден број на нови случаи. Досега ширум светот се регистрирани над 38 милиони случаи на коронавирус, а речиси 1,1 милиона луѓе умреа од Ковид-19.

-Зголемувањето на смртните случаи е секогаш неколку недели зад зголемувањето на бројот на случаите, рече др. Сваминанатан на прес конференцијата на СЗО. „Се уште губиме околу 5.000 луѓе дневно….. затоа не треба да бидеме задоволни што опаднал бројот на смртни случаи”, додаде таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот