17.8 C
Скопје

СЗО во следните две недели ќе донесе одлука за кинеските вакцини

Се очекува Светската здравствена организација (СЗО) во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на оваа агенција на Обединетите нации, Марианџела Галвао Симао.

Таа вчера прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофрам до крајот на оваа недела, додека за употребата на вакцината развиена од компанијата Синовак Бајонтек може да одлучи до крајот на следната недела.

Одобрението на СЗО ќе биде индикатор за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефикасноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во програмата Ковакс.

Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини од незападни земји што ќе добијат одобрение од СЗО, која досега ги одобри вакцините на Фајзер, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, а оваа недела се очекува одлука за вакцината на Модерна

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар