СЗО: Во минатото надминавме многу пандемии и кризи, ќе ја надминеме и оваа

Последната работа што и треба на било која земја е отворање на училиштата и компаниите, само за да се присили повторно да ги затвори заради заживување на вирусот, наведе Тедрос.

Земјите кои го ставија под блокада своето население за да го спречат ширењето на вирусот треба тоа време да го искористат за да го „нападнат вирусот”, порача денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус.

-И во минатото надминавме многу пандемии и кризи. Ќе ја надминеме и оваа”, рече Тедрос на брифинг со медиумите, се наведува на сајтот на СЗО.

Тој истакнал дека со барањето луѓето да останат во своите домови и со запирање на движењето се купува време и се намалува притисокот врз здравствените системи, но нагласи дека „само по себе овие мерки нема да ја згаснат епидемијата”.

-Ги повикуваме сите земји ова време да го искористат за да го нападнат вирусот” рече Тедрос.

Прочитајте и...  Никола Димитров: Се гледа од каде ни доаѓа помошта!

Во тој контекст тој укажа на шест клучни акции што СЗО ги препорачува земјите да ги преземат.

Прво, да обучат, распоредат и го зголемат бројот на здравствени работници, и да применат систем за откривање на секој сомнителен случај. Исто така, тој наведе дека е потребно да се зголеми производството, капацитетот и можноста за тестирање и да се идентификуваат, прилагодат и опремат установите што ќе користат лекување и изолација на пациентите. Како петта акција тој наведе дека државите треба да развијат јасен план и процес за ставање во карантин на оние кои биле во контакт, а како шеста дека треба цело владино внимание да се насочи кон сузбивање и ставање под контрола на Ковид-19.

Прочитајте и...  Мисајловски: Државата мора под итно со финансиски инекции да им помогне на сите компании

-Овие мерки се најдобриот начин да се сузбие и запре преносот и да не дојде до повторно заживување на вирусот, кога санкциите ќе бидат укинати. Последната работа што и треба на било која земја е отворање на училиштата и компаниите, само за да се присили повторно да ги затвори заради заживување на вирусот, наведе Тедрос.

Прочитај повеќе

Бил Гејтс: Затворете буквално сè на 10 недели, само така ќе го победиме вирусот, сè друго е катастрофа

Слободен печат

Во Америка пристигнува помош: Полета руски авион со половина тон медицинска опрема

Слободен печат

Премиерот на Италија го продолжи карантинот до 13 април

Слободен печат

Доколку вашиот престој во странство станува нерегулиран, обратете се до МНР

Слободен печат

ОБСЕ: Централизирано информирање на српската влада за епидемијата

МИА Агенција

Во Косово денеска нови 13 лица заболени и четири излекувани од коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Израел задолжително носење заштитни маски на јавен простор

МИА Агенција

Бројот на починати во Њујорк е скоро половина од бројот на смртни случаи во целата држава

Слободен печат

СЗО: Силно сме загрижени од ескалацијата на смртни случаи од новиот коронавирус

МИА Агенција

Снегот ги блокираше патиштата во областа Голо Брдо: Жителите целосно отсечени од светот

Слободен печат

Хлорокин и неговиот дериват само за „итни програми”, препорачува Европската агенција за лекови

МИА Агенција

Колапс на здравствениот систем во САД: Болниците преполни, лекарите не смеат да зборуваат за хоророт што го гледаат

Слободен печат