СЗО во Берлин формира центар за одговор на пандемии

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Центарот со седиште во Берлин „ќе соработува со партнери од целиот свет”. Ќе ги анализира информациите за да „предвиди, спречи и идентификува ризици од пандемии и епидемии во светот, како и да се подготви за нив и да изгради адекватен одговор”. 

Светската здравствена организација (СЗО), заедно со германските власти, во Берлин ќе формираат центар за анализа на податоци за пандемии и епидемии со цел спречување и ефикасна реакција, се наведува во соопштението од седиштето на СЗО во Женева.

„СЗО и Германија ќе формираат нов глобален центар за податоци за пандемии и епидемии, надзор и аналитички иновации”, се вели во соопштението.

Центарот со седиште во Берлин „ќе соработува со партнери од целиот свет”. Ќе ги анализира информациите за да „предвиди, спречи и идентификува ризици од пандемии и епидемии во светот, како и да се подготви за нив и да изгради адекватен одговор”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот