СЗO: Внимателно ја следиме состојбата со новиот вид на коронавирус во Франција

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Абди Махамуд денеска изјави дека СЗО од ноември будно го следи новиот вид на коронавирусот Б.1.640.2, кој беше регистриран од научници во Франција.

– Постојат три типа на соеви – оние што ги следиме, оние што предизвикуваат интерес и оние што предизвикуваат загриженост – рече Махамуд на брифинг во Женева.

Тој додаде дека СЗО од ноември го следи сојот Б.1.640.2, како и две негови подваријанти.

Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.

Претходно медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов вид на коронавирус и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој сој се заразени 12 лица.

Повратник од Камерун беше означен како нула пациент.

Наследник на Омикрон: Нова мутација на коронавирус откриена во Франција – „увезена“ од Камерун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот