СЗО внимателно го проучува истражувањето за новиот вирус откриен во Кина

Светската здравствена организација (СЗО) внимателно ќе го проучи кинеското истражување за новиот свински грип, изјави нејзиниот портпарол, додавајќи дека наодите укажуваат на важноста од набљудување на вирусот за време на пандемијата на Ковид-19, пренесоа британските медиуми .

Новиот вирус, откриен кај свињите во Кина, станува се позаразен за луѓето, а ситуацијата во овој случај мора внимателно да се следи во случај вирусот да стане потенцијална пандемија”, се наведува во истражувањето.

Кинеските научници се загрижени: Откриен нов вирус кој може повторно да доведе до епидемија

СЗО соопшти дека внимателно ќе ја проучи студијата и дека ќе остане будна во врска со ситуацијата со грипот и дека соработката и размената на информации во овој поглед е од огромно значење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот