СЗО: ВИДЕОИГРИТЕ официјално прогласени како БОЛЕСТ!

видеоигри

Светската здравствена организација СЗО донела одлука зависноста од видеоигрите да се стави на листата болести на зависност, пишува Телеграф. Овој облик на потреметување е прогласено за психичко пореметување, а одлуката ја донеле 194 членови на 72. регуларно собрание на СЗО.

Претставниците на СЗО навеле дека станува збор за играњето видеоигри кои предизвикуваат сериозно пореметување и се сметаат за модел на ненормално однесување кога лицата поминуваат 8 до 10 часа во континуитет играјќи игри секој ден, а за тоа време ги запоставуваат личните и професионалните обврски.
Овие лица главно престануваат да водат сметка за личната хигиена, исхраната, редовното спиење или дури и ги запоставуваат членовите на семејствпото.

Лицата кои се зависни од видеоигрите во целост губат чувство за простор и време, за луѓето околу себе, за членовите на семејството, за работните обврски и навиките. Покрај тоа, кај ваквите лица поизразени се различните психички состојби како депресијата и прекумерната потреба за сон предизвикани од повеќечасовното „сурфање“ и играње видеоигри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот