СЗО вели дека мајките заразени со ковид-19 треба да ги дојат своите бебиња (ВИДЕО)

Фото: ЕПА

Светската здравствена организација вчерашната прес-конференција ја посвети на мајчинството, на децата, на доењето, Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако се потврди дека имаат коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).

– Врз основа на достапните докази, совет на СЗО е дека придобивките од доењето ги надминуваат сите потенцијални ризици од пренесување на Ковид-19, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, на прес-конференцијата во Женева.

Тедрос истакна дека децата имаат помал ризик од инфекција со коронавирус отколку возрасните, но има поголем ризик од развој на болести и други состојби што доењето може да ги спречи.

– Мајките за кои постои сомневање дека имаат Ковид-19 или е докажано дека го имаат, треба да бидат охрабрени да започнат или продолжат со доењето и да не се одвојуваат од своите бебиња, освен ако мајката е премногу болна, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот