СЗО уверува: „Ова не е почеток на втора пандемија, новите соеви нема да предизвикаат нов бран

Ширењето на различни соеви на вирусот корона нема да предизвика нов бран на пандемијата, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге.

Тој во интервју за шпанскиот весник „Паис“ рече дека новите соеви се болен подсетник дека вирусот се уште ги погодува луѓето. Клуге межутоа нагласи дека не станува збор за нов вид на вирусот, туку дека мутациите се нормална еволуција на секој патоген, кој се обидува да се прилагоди на домаќинот, односно на човекот.

„Ова не е почеток на нова пандемија, но мора да бидеме претпазливи“, предупреди Клуге. 

Според него внимателноста е клучна во моментната ситуација, бидејќи новите соеви на вирусот корона можат да предизвикаат повторна инфекција и побрзо ширење на заразата, што може да биде голем предизвик за здравствените системи на одделни земји, кои се соочуваат со пандемија, пренесе ТАШ.

Клуге напоменува дека новите соеви на вирусот можат да влијаат на ефикасноста на вакцините. Тој вели дека новите трендови на пренос мора да се следат и да избегнуваме носење на избрзани одлуки.

„Мора да бидеме искрени, ова ќе биде уште една година со ковид, но ќе биде полесно предвидлива и полесно ќе се контролира“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот