СЗО: Укинување на мерките за меѓународни патувања и одредување на приоритети

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

СЗО додава дека доколку земјите одлучат да ги стават во карантин сите патници при пристигнувањето, тоа мора да го сторат откако ќе го проценат ризикот и ќе ги земат предвид локалните околности.

Светската здравствена организација (СЗО) им порача на земјите ширум светот дека треба постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, врз основа на темелна проценка на ризикот, и тој приоритет треба да им се даде на итни случаи.

СЗО препорача приоритет да се даде на патувања поради итни случаи, хуманитарни активности, патувања на неопходен персонал и враќање во матичната земја.

Зголемувањето на бројот на заразени лица во многу делови на светот ги принуди многу земји да воведат ограничувања во патувањата.

СЗО сега ги повикува сите земји да направат свои анализи за корист и ризик и да постават приоритети, пред да продолжат со меѓународните патувања.

Агенцијата на ОН наведува дека, при донесувањето одлуки, државите треба да ја земат  предвид епидемиолошката состојба на локално ниво и начинот на пренесување, националното здравство, како и социјалните мерки кои се во сила.

СЗО додава дека доколку земјите одлучат да ги стават во карантин сите патници при пристигнувањето, тоа мора да го сторат откако ќе го проценат ризикот и ќе ги земат предвид локалните околности.

СЗО исто така предупредува дека не постои „нулта ризик” кога се разгледува можноста за увоз или извоз на случаи на коронавирусот во меѓународните патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот