СЗО трет пат за една недела ќе заседава за коронавирусот

Комисијата, која е составена од 16 независни стручњаци, минатата недела двапати не сакаше да прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво.

Комисијата за вонредни состојби при Светската здравствена организација утре повторно ќе заседава, третпат оваа недела, за да процени дали новиот вирус кој се шири од Кина претставува вонредна состојба на меѓународно ниво.

-Одборот ќе го советува генералниот директор дали епидемијата претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво и кои препораки треба да се спроведат, се наведува во соопштението на СЗО.

Соопштението е објавено пред прес-конференцијата на експертот на СЗО, Мајк Рајан, кој се врати од Кина.

Комисијата, која е составена од 16 независни стручњаци, минатата недела двапати не сакаше да прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот