СЗО: Светот треба да се подготви за пандемија на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека е рано за прогласување на пандемија, но земјите би требало да бидат подготвени за такво сценарио.

Растат стравувањата дека епидемијата на коронавирусот ќе прерасне во пандемија поради сѐ повеќето заразени во светот, објави денес Би-Би-Си, а пренесе хрватски „Индекс“.

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека е рано за прогласување на пандемија, но земјите би требало да бидат подготвени за такво сценарио.

За пандемија се смета времето кога заразата со голема брзина се шири од човек на човек.

Најмногу заразени има во Кина, но и Јужна Кореја, Италија и Иран се борат со вирусот кој ја предизвикува респираторната болест Ковид-19.

Во Кина се заразени околу 77.000 луѓе, а починаа речиси 2600. Во понеделникот се потврдени нови 409 случаи, поголемиот дел во епицентарот на заразата, градот Вухан.

Повеќе од 1200 случаи се потврдени и во други 26 земји, каде починаа повеќе од 20 луѓе. Италија потврди уште два смртни случаи и сега вкупно има шест починати.

Од коронавирусот умираат меѓу еден и два отсто од заразените, но СЗО предупредува дека стапката на смртност се уште не е позната.

Во понеделникот Ирак, Авганистан, Кувајт и Бахреин ги потврдија првите случаи. Сите заразени стигнале од Иран.

Челникот на СЗО, Тедрос Аданом Геберјсус предупреди дека започнуваат да исченуваат можностите за сузбивање на вирусот.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, рече за Би-Би-Си дека ситуацијата во моментов не се смета за пандемија бидејќи земјите успеваат да го спречат ширењето на вирусот.

– Доколку земјите не преземаа никакви мерки, би имале многу, многу повеќе случаи – посточи Харис.

Јужна Кореја

Во Јужна Кореја, земја со најмногу заразени надвор од Кина, денес се потврдени нови 231 случаи, а вкупната бројка изнесува 830. Осуммина починаа.

Околку 7700 војници се во карантин откако кај 11 е потврден коронавирусот.

Но, најголемите жаришта на вирусот се поврзани со болница и верска група во близина на југоисточниот град Даегу.

Некои јужнокорејски авиокомпании ги прекинаа летовите за Даегу, град во кој живеат околу 2,5 милиони луѓе.

„Кореан ер“ објави дека летовите ќе бидат прекинати до 27 март.

Јужна Кореја во карантин смести 380 странци за да спечи понатамошно ширење на заразата.

Северна Кореја се уште нема пријавено ниту еден случај, иако дели долга и често пропусна граница со Кина.

Иран

Иран вчера објави дека има 43 заразени, поголемиот дел во градот Кому. Има 12 починати, што е најголем број на смртни случаи надвор од Кина.

Еден локален политичар денес ја обвини владата за прикривање на размерите на епидемијата и рече дека само во Кому починале 50 луѓе. Заменик-министерот за здравство брзо ги демантираше тие тврдења.

Италија

Италија бележи најголем број на случаи во Европа, повеќе од 200.

Затворени се бројни фирми и училишта, а откажани се и спортски настани и надвор од најпогодените покраини Ломбардија и Венето. Починаа вкупно шест лица.

Официјалните лица сѐ уште не знаат како вирусот се прошири во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот