СЗО со сериозно предупредување: Долгото работно време убива стотици илјади луѓе годишно

pexels

Според Светската здравствена организација (СЗО), долгото работно време убива стотици илјади луѓе годишно!

Првата глобална студија од ваков вид покажа дека во 2016 година 745.000 луѓе починале од мозочен удар и срцеви заболувања поради долго работно време. Извештајот открива дека луѓето кои живеат во Југоисточна Азија и Западен Пацифик се најпогодени. Од СЗО исто така велат дека овој тренд може да се влоши со пандемијата на коронавирус.

Profimedia
Profimedia

Истражувањето покажаа дека работата 55 или повеќе часа на неделно ниво е поврзана со 35% поголем ризик од мозочен удар и 17% поголем ризик од смрт од срцеви заболувања во споредба со работната недела со 35 до 40 часа.

Студијата, спроведена со Меѓународната организација на трудот, исто така откри дека скоро три четвртини од оние кои починале од долго работно време биле средовечни или постари мажи. Смртта често се случувала многу подоцна во животот, понекогаш децении подоцна по долга работа.

Иако студијата не го анализирала периодот на пандемија, официјалните лица на СЗО велат дека работата од дома и економското забавување може да ги зголемат ризиците поврзани со долгото работно време.

Unsplash

Имаме некои докази што покажуваат дека кога земјите влегуваат во национален карантин, бројот на работни часови се зголемува за околу 10 проценти“, рече техничкиот службеник на СЗО, Френк Пега, пишува „Би-Би-Си“.

СЗО вели дека работодавците сега мора да го земат предвид ова при проценка на здравствените ризици на нивните работници на работа.

Според Пега, ограничувањето на часовите би било корисно за работодавците, бидејќи се покажало дека тоа ја зголемува продуктивноста.

Навистина е паметен избор да не се зголемува работното време во економска криза“, вели Пега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот