СЗО со прогноза: Ковид-19 ќе биде под контрола за две години

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација (СЗО) не знае кога ќе заврши пандемијата на Ковид-19, но верува дека вирусот ќе биде ставен под контрола за две години, соопшти нејзината прес-служба.

Денеска се навршуваат точно шест месеци по прогласувањето на глобална пандемија на коронавоирусот, иако СЗО првично сметаше болеста е со неколку жаришта во светот.

 – Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години, се наведува во соопштението.

Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.

СЗО, исто така, смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.

– Човечките вируси можат да напредуваат, да станат помалку или повеќе патогени. Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети”, наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот