СЗО со апел до меѓународната заедница: Донирајте 10 милиони дози на вакцини против ковид-19 за имунизација во 20 земји

Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Светска здравствена организација (СЗО) денеска објави дека има итна потреба од 10 милиони дози вакцини против ковид-19 за 20 земји да можат да почнат со имунизација и ја повика меѓународната заедница за донација.

– Меѓународниот систем за распределба на вакцини КОВАКС, со кој управува СЗО и другите партнери итно има потреба од 10 милиони дози за тие 20 држави да можат да почнат со имунизација на здравствените работници и повозрасните луѓе во следните две недели, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека 10 милиони дози вакцини не се многу и оти се далеку од доволни, како и дека во иднина ќе бидат потребни уште стотина милиони дози.

Според Гебрејесус досега 117 држави почнаа со вакинација, а благодарение на КОВАКС распределени се над 32 милиони дози во 61 држава.

Тој истакна дека КОВАКС е подготвен да испорача вакцини, но оти не може да испорача затоа што нема.

– Како што знаете билатералните договори, забраната за извоз, вакциналниот национализам и вакциналната дипломатија предизвикаа нарушување на пазарот, со флагрантна нееднаквост помеѓу понудата и побарувачката, посочи Гебрејесус.

Преку КОВАКС планирано е да се испорачаат вакцини за 20 проценти од светското население во речиси 200 држави и територии, вклучително и механизмот за финансирање и помош за 92 сиромашни земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот