СЗО: Случаите на коронавирусот во Кина ќе продолжат да растат

Фото: Профимедиа

Портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ посочи дека кинеските власти досега официјално пријавија 830 заразени и 25 смртни случаи.

Случаите на новиот коронавирус веројатно ќе продолжат да растат во Кина и премногу е рано да се процени неговата сериозност, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ.

– Фокусот не е толку многу на бројот на случаи, за кои знаеме дека ќе се зголемат, рече Јашаревиќ.

Тој посочи дека кинеските власти досега официјално пријавија 830 заразени и 25 смртни случаи.

– Се уште е рано да се оцени колку вирусот е сериозен, рече Јашаревиќ.

СЗО и нејзината мрежа на експерти ги разгледуваат третманите за вакцини против вирусот МЕРС како можна употреба за новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот