СЗО: Силно сме загрижени од ескалацијата на смртни случаи од новиот коронавирус

Фото: Википедиа

Светската здравствена организација денеска предупреди дека има речиси експоненцијална прогресија на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, додека бројот на смртните случаи се зголеми за повеќе од двојно за една недела во светот.

– Јас сум длабоко загрижен од брзата ескалација и ширењето на заразата во светот. Бројот на смртни случаи се зголеми за повеќе од двојно во текот на изминатата недела. Во наредните денови ќе достигне еден милион потврдени случаи и 50.000 смртни случаи, рече извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус за време на видео конференцијата во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот