СЗО: Секој десети заболен од ковид има симптоми и по три месеци

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа соопшти денес дека секој десети пациент заразен со корона вирусот има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата. 

Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека таканаречениот „продолжен ковид“ останува непознаница, но дека тој проблем е реален и значаен.

Клуге рече дека подтоците покажуваат дека секој четврт човек заразен со ковид има симптоми и еден месец по добивање на позитивниот тест, додека секој десети има симптоми и по три месеци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот