СЗО се надева дека ќе ја продолжи соработката со САД

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

САД се главен донатор кој обезбедува 15 проценти од буџетот на СЗО, пред фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, Велика Британија и Германија и далеку пред Кина која дава 86 милиони.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изрази желба да продолжи соработката со САД, и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги прекинува врските со оваа агенција на ОН.

– Придонесот и дарежливоста на Владата на САД и граѓаните во светското здравство се огромни со децении и дадоа големи придобивки за јавното здравство ширум светот . СЗО сака оваа соработка да продолжи, рече Гребрејесус на виртуелната прес-конференција.

Трамп во екот на пандемијата на коронавирусот го прекина финансирањето на СЗО, која ја обвинува за попустливост кон Кина, а во петокот најави дека САД ги прекинуваат врските со оваа агенција на ОН.

– САД ќе ги пренасочат средствата кон други итни и глобални потреби на јавното здравство кои го заслужуваат тоа, рече Трамп.

Здравствената агенција на ОН, СЗО, е мултилатерална институција основана во 1948 година. Работата и мисиите на оваа огромна машинерија со 7.000 вработени, кои се присутни низ целиот свет, зависат од финансирањето на земјите членки и од приватни донации.

Со 893 милиони долари за периодот 2018/2019 година САД се главен донатор кој обезбедува 15 проценти од буџетот на СЗО, пред фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, Велика Британија и Германија и далеку пред Кина која дава 86 милиони.

Американските донации претежно одат во Африка и на Блискиот исток.

Околу една третина од парите одат во борба против вонредни состојби во здравство, а остатокот е наменет пред се за програми за искоренување на детска парализа, подобрување на пристапот до здравствени услуги и спречување и борба против епидемии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот