СЗО: Само во Европа расте бројот на смртни случаи од ковид-19

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа се зголемил за 5 отсто минатата недела и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од ковид-19.

Таа додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекција е зголемен за 6% на глобално ниво. Од 3,3 милиони нови случаи – 2,1 милиони се регистрирани во Европа. Ова е седма недела по ред како расте бројот на нови случаи на инфекција со Ковид во 61 земја во европскиот регион, кој се протега од Русија до Централна Азија.

Во Норвешка, смртноста од Ковид се зголеми за 67 проценти

СЗО вчера соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирусот е стабилен или опаѓа насекаде во светот, освен во Европа. Тие додадоа дека бројот на нови инфекции во Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија опаѓа од јули, пишува АП.

Во Европа, најголем број нови случаи се забележани во Русија, Германија и Велика Британија. СЗО забележува дека смртноста од Ковид е зголемена за 67 отсто во Норвешка и за 38 отсто во Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот