СЗО сакаат да откријат нови вируси во природата: Ни требаат најдобрите умови во светот

коронавирус ковид-19 корона лекари доктори болница лекари машина респиратор италија
Лекари во Италија / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Светската здравствена организација објави дека ги бара најдобрите научници во светот кои ќе истражуваат нови видови на вируси кои би се пренесувале од животните на човекот и кои би можеле да допринесат во почеток на нова пандемија, пренесува Ројтерс. 

СЗО ги повика научниците да аплицираат за членство во панелот кој ќе се вика „Научна советодавна група“ за откривање на нови вируси. 

„Ни требаат најдобрите умови во светот“ изјави Марија ван Керкове, директорката на одделот за нови болести на СЗО. 

Новата група на СЗО ќе се составува од 25 експерти и се очекува да започне од крајот на септември. 

Видео на денот