СЗО: Рекордни 96.000 луѓе починаа од коронавирус во светот за една недела

Лого на СЗО / Фото: Архива

Речиси 96.000 луѓе починаа од коронавирус во светот за една недела. Ова е рекорд за период од седум дена од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Смртните случаи од коронавирус во периодот меѓу 18 и 24 јануари се за еден процент повеќе отколку претходната недела.

Од друга страна, бројот на регистрирани новозаразени лица во период од седум дена е помал за 15 проценти. Од 18 до 24 јануари, потврдени се околу 4.105.000 нови случаи на коронавирус.

Според СЗО, повеќе од 98,28 милиони луѓе во светот се заразени од почетокот на пандемијата, а над 2,11 милиони од нив починаа.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот