СЗО: Рекордни 3,6 милиони новозаразени лица со ковид-19 за една недела во светот

Лого на СЗО / Фото: Архива

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54.000 што е за 9.000 повеќе отколку во претходната недела, пренесува агенцијата ТАСС.

Во соопштението се прецизира дека бројот на новозаболени лица во светот во минатата недела бил поголем за осум проценти во споредба со претходната недела.

Повеќе од пола или 54 проценти од новите случаи биле пријавени во Европа, како и 47 проценти од смртните случаи.

Претходниот рекорден број на новозаразени лица во светот на неделно ниво беше забележан во неделата од 26 октомври до 1 ноември, кога беа заразени 3,3 милиони луѓе.

Според СЗО, заклучно со 8 ноември, околу 49,7 милиони луѓе биле заразени во светот, а 1,2 милиони починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот