СЗО: Речиси два милиона новозаболени со ковид-19 во светот за една недела

Фото: EPA-EFE/Christophe Ena / POOL MAXPPP OUT

Бројот на новозаболени лица со ковид-19 во светот во периодот од 14 до 20 септември забележа раст за, речиси, два милиона, додека бројот на починати се зголеми за 37.700, соопшти синоќа Светска здравствена организација (СЗО). Според неделните податоци на организацијата, бројката на официјално потврдени случаи со новиот коронавирус се искачи над 30,6 милиони, што е за шест отсто повеќе во споредба со претходната недела. До 20 септември, како последица со Ковид-19, починаа 950.000 луѓе ширум светот.

Епидемиолошката ситуација и натаму е најсериозна во Северна и во Јужна Америка, каде бројот на новозаболени во минатата недела се зголемил за 38 проценти, а морталитетот се намалил за 22 отсто. Речиси 770.000 новозаболени лица се регистрирани минатата недела со што вкупниот број изнесува 15,5 милиони лица. Во истиот период регистрирани се над 19.000 смртни случаи, со што вкупниот број на починати изнесува приближно 530.000 луѓе.

Околу 700.000 новозаболени се регистирани во земјите на Југоисточна Азија, каде вкупниот број на инфицирани изнесува 6,1 милиони, додека починале над 101.000 лица.

Во Европа е забележан најголем пораст на смртни случаи во минатата недела. Повеќе од 4.000 луѓе починале со што вкупната цифра на смртни случаи достигна 230.000. Бројот на потврдени случаи со ковид-19 во Европа достигна до 5,2 милиони или за седум дена се зголемил за околу 360.000.

Од 14 до 20 септември, бројот на заболеми со ковид-19 во Индија се зголеми за 646.000 лица, во САД за 273.000 и за 213.000 во Бразил.

Најголем пораст на инфицирани во Европа се регистрирани во Франција – 67.000, потоа следи Шпанија со преку 50.000 и Русија со повеќе од 40.000 заразени лица.

Во изминатата недела во Индија починаа над 8.000 луѓе, во САД над 5.600, додека во Бразил забележани се над 5.300 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот