17.8 C
Скопје

СЗО: Речиси 5,7 милиони нови случаи на ковид-19 во светот минатата недела

Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација.

Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи од ковид-19.

– На глобално ниво, бројот на нови случаи на ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, а минатата недела беа пријавени скоро 5,7 милиони нови случаи, се наведува во билтенот на СЗО.

Најдрастично зголемување на бројот на случаи е регистрирано во Југоисточна Азија, пред сè во Индија. Во тој дел од светот се регистрирани 2,26 милиони новозаразени и 17.000 смртни случаи.

Бројот на новозаразени во Европа падна за 12 проценти, во Африка за девет и во Северна и Јужна Америка за осум проценти.

Во Југоисточна Азија има зголемување на смртноста за 81 процент.

Во Европа, во изминатите седум дена биле заразени повеќе од 1,46 милиони луѓе, додека 25.000 пациенти починале.

Во Северна и Јужна Америка, бројот на новозаразени е 1,4 милиони, а за седум дена починале 36.000 луѓе.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар