СЗО прогласи пандемија на коронавирусот

Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија.

Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека СЗО  е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус.

-Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира како пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева, пренесуваат американските медиуми.

„Сите земји се уште можат да го променат текот на оваа пандемија. Доколку земјите ги откријат, тестираат, лекуваат, изолираат, следат и мобилизираат своите луѓе во одговорот на заканата, рече Тедрос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот