СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Фото: Профимедиа

СЗО призна дека се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот, откако 239 меѓународни научници укажале на таква можност.

„Признаваме дека се појавуваат докази на тоа поле. Можноста за пренесување на вирусот преку воздух на јавни места особено во посебни услови, не може да се исклучи. Но, мораат да се соберат докази и да се интерпретираат“, рекла Бенедета Алегранзи, претставничка на СЗО на брифингот во Женева.

Научниците во отвореното писмо тврдат дека постојат докази дека малите честички на новиот коронавирус во воздухот можат да ги заразат луѓето и ја повикуваат СЗО да ги смени препораките.

Научници бараат од СЗО да ги промени препораките поради докази за воздушна трансмисија на Ковид-19

Ставот на СЗО досега беше дека вирусот се пренесува преку капки.

„Разговараме за можноста за пренесување преку воздухот и аеросолно пренесување како еден од начините на пренесување на Ковид-19“, рекла Марија ван Керкове од СЗО, пренесува Ројтерс.

Таа препорачува проветрување на затворените простори и одржување на физичка дистанца, а ако тоа не е можно, тогаш носење на маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот