СЗО препорачува: Поголема физичка активност за возрасни и децата и помалку седење пред електронски уреди во време на пандемија

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Секое четврто возрасно лице и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, соопшти Светската здравстена организација (СЗО).

Сите возрасни лица треба да прават најмалку 150 минути напорна физичка активност неделно, што е уште поважно за благосостојбата и менталното здравје во време на коронавирусот, соопшти СЗО во своите први упатства за оваа деценија.

Препорачливо е децата и адолесцентите секој ден да имаат просечно еден час физичка активност и да го ограничат своето време пред електронските екрани.

– Луѓето од сите возрасти треба да го компензираат растечкото седечко однесување со физичка активност за да го намалат ризикот од болести и да додадат години во нивниот живот, истакна СЗО започнувајќи ја својата кампања „Секое движење се брои”.

– Зголемувањето на физичката активност не само што помага во спречување и управување со срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, туку ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, го намалува падот на когнитивните способности, вклучително и Алцхајмеровата болест и ја подобрува меморијата, рече Рудигер Креч, директор на СЗО за унапредување на здравјето.

Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, што може да вклучува пешачење, возење велосипед, градинарство и чистење, предупредува СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот