СЗО предупредува: Во светот недостигаат шест милиони медицински сестри

Поради пандемијата од коронавирусот, Светската здравствена организација (СЗО)  предупредува дека на светот му недостасуваат шест милиони медицински сестри.

ОН заедно со здруженијата „Нега сега” и „Меѓународен совет на медицински сестри” (ИЦН) ја истакна клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат половина од медицинскиот персонал во светот.

– Медицинските сестри се рбет  на секој здравствен систем, изјави претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, потсетувајќи дека медицинските сестри и сега се во првите борбени редови против Ковид-19.

Според извештајот на СЗО, бројот на медицински сестри е нешто под 28 милиони, а за пет години нивниот број до 2018 година порасна за 4.7 милиони.

„Но тоа за уште 5.9 милиони помалку од потребниот број”, пишува во извештајот.

Најмногу медицински сестри недостасуваат во сиромашните земји во Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и некои делови од Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот