СЗО предупредува на трет бран од ковид-19 во Европа на почетокот на 2021 година

Фото: Профимедиа

Давид Набиро, специјалниот советник за ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите пропуштат да направат се што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран.

– Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг, предупреди Набаро.

Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат запрени.

– Кога стапката на инфекција ќе се намали, а ќе се намали, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови, се прашува Набаро.

Тој ги пофали азиските земји каде стапката на инфекција е исклучително ниска бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки таму не беа олеснети предвреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот