СЗО предупредува на измамници кои ја искористуваат кризата со коронавирусот

Фото: Википедиа

Светската здравствена организација (СЗО) денес соопшти дека криминалци се почесто се претставуваат како нејзини официјални лица во обид да украдат информации или пари од луѓето за време на кризата предизвикана од брзото ширење на коронавирусот.

Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, посочи дека измамниците користат различни техники како што се лажни телефонски повици и разни мамки преку мејлови и социјалните мрежи.

Здравствената агенција на Обединетите нации (ОН) наведе дека работи на разоткривање на таквите обиди и информирање на локалните власти.

СЗО го отвори сајтот за да им помогне на луѓето да спречат измами за време на актуелната криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот