СЗО предупреди: Ковид-19 нема да биде последната пандемија

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување пандемии.

Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза.

– Не знаеме каква ќе биде следната здравствена криза, но знаеме дека ќе дојде. И мора да бидеме подготвени, нагласи тој, објаснувајќи дека ова не е заплашување, туку повик за акција.

Неговиот говор уследи откако беа потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и повеќе од 924.953 смртни случаи ширум светот, според Универзитетот Џонс Хопкинс, додека скоро 19,7 милиони луѓе се опоравиле од Ковид-19.

Советот на ГПМБ е независно тело за мониторинг чија цел е обезбедување подготвеност на глобални здравствени кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот