СЗО повторно предупредува да не се избрзува со укинување на мерките против коронавирусот

„Едно од најважните упатства е да не се откажеме од мерките прерано за да не дозволиме повторно да ни се зголеми бројот на заболени, рече Линдмаер на виртуелниот брифинг со новинарите во Женева.

Светската здравствена организација нема препораки за земјите и регионите за олеснување на мерките поради забавувањето на ширењето на пандемијата од коронавирусот.
-Но, од нив бараме да не ги укинуваат избрзано, изјави денеска портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, пренесува Гласот на Америка.
„Едно од најважните упатства е да не се откажеме од мерките прерано за да не дозволиме повторно да ни се зголеми бројот на заболени, рече Линдмаер на виртуелниот брифинг со новинарите во Женева.

-Тоа е слично како и самите да се разболете и доколку станете прерано од кревет и прерано почнете да трчате, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации” додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот