СЗО повика на засилување на програмите за тестирање за коронавирусот

Фото: Профимедиа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

– Деновиве забележавме затворање на многу јавни објекти, училишта, граници и апели за социјално дистанцирање. Тоа треба да се искористи за да се засилат програмите. Без тестирање, случаите не можат да бидат изолирани и синџирот на инфекција нема да биде „разбиен”, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот