СЗО: Повеќе од половината сиромашни држави во светот немаат доволно вакцини против ковид-19

Вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Повеќе од половина  сиромашни држави кои добиваат вакцини против коронавирусот преку програмата за размена Ковакс немаат доволно залихи за да продолжат со вакцинацијата, изјави советникот во Светската здравствена организација, Брус Ајлвард.

– Би рекол дека од 80 земји АМЦ (сиромашни земји), барем повеќе од половина немаат доволно вакцини за да ги одржат своите програми за вакцинација, нагласи Ајлвард на брифинг.

– Некои од нив веќе воопшто немаат вакцини, додаде тој.

Во исто време, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, наведе дека разговара со бројни компании и институции за создавање центар за трансфер на технологија за вакцини против коронавирус во Јужна Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот