СЗО: Потврдите за вакцинација се дискриминирачки

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" on an European passport.,Image: 595164722, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

Вонредниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) препорача потврдите за вакцинација да не бидат предуслов за меѓународно патување бидејќи вакцината е нерамномерно распределена меѓу земјите.

Независни експерти од Комитетот, во соопштението објавено по состанокот минатиот четврток, се осврнаа на ограничените докази дали вакцинацијата против ковид-19 го намалува ширењето на инфекцијата, како и на „нееднаквоста во глобалната дистрибуција на вакцините”.

Затоа, Комитетот препорача државите да сметаат дека доказите за вакцинација ја продлабочуваат нееднаквоста и нееднаквата слобода на движење.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ минатата недела донесоа сличен заклучок.

Во договорениот заеднички став, кој ќе биде основа за преговори со Европскиот парламент, сертификатите за вакцинација не можат да бидат услов за слободно движење, нагласувајќи го принципот на недискриминација на лица кои не се вакцинирани.

Европскиот парламент треба да се согласи за својата позиција подоцна овој месец, по што ќе може да започне разговори со Советот на ЕУ. Регулативата се очекува да биде донесена до крајот на јуни.

Во средината на март, Европската комисија предложи воведување на дигитален зелен сертификат, т.н. ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, што ќе биде доказ за вакцинација, негативен тест или прележан вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот