СЗО: Потребна е барем 60-отстотна имунизација на населението за блокирање на Ковид-19

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Потребна е вакцинација на околу 60 до 70 проценти од населението за да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирусот, соопштија вчера од Светската здравствена организација (СЗО).

-Стапката е утврдена врз основа на неколку студии, изјави Кетрин О’Бријан, шеф на одделот за имунизација на СЗО, на прес-конференција во Женева.

О’Брајан, меѓутоа, истакна дека вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе биде појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините што сега се тестираат, пренесоа британските медиуми.

-Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, рече таа.

Покрај сознаението колку добро вакцините можат да ја спречат инфекцијато со Ковид-19, се поставуваат и прашањата дали тие го отежнуваат престојот на вирусот во носот и грлото кај луѓе без симптоми и дали вакцините го отежнуваат пренесувањето на вирусот од едно на друго лице, додаде О’ Бриен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот