СЗО: Пораст на бројот на заразени по олеснување на мерките, пандемијата не е завршена

Таа предупреди дека не е готово, и оти нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.

Во некои земји е забележано зголемување на бројот на заразени со коронавирусот по олеснувањето на мерките, што покажува дека пандемијата не е завршена, предупреди денеска Светската здравствена организација.

– Гледаме зголемување на бројот на случаи низ целиот свет, не само во Европа. Кога се олеснуваат мерките за затворање, попушта социјалното дистанцирање, луѓето мислат дека се е готово – изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева.

Таа предупреди дека не е готово, и оти нема да биде готово сè додека вирусот не се искорени насекаде низ светот.

Харис додаде дека демонстрантите во САД исто така мора да преземат мерки на претпазливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот