СЗО по 425 дена живот со ковид-19: Пандемијата го покажа најдоброто и најлошото за што е способно човештвото

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Пандемијата на ковид-19 го покажа најдоброто и најлошото за што е способно човештвото. Ова денеска го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус на прес-конференција по повод предлогот за воспоставување меѓународен договор за акција во идните здравствени кризи.

– Поминаа 425 дена од објавувањето на денешната пандемија, забележа Аданом.

Според него, во последните месеци низ светот се појавија нееднаквости, геополитички поделби, поткопана доверба во јавните институции и неподготвеност на соодветните системи. Светот не може да си дозволи да го чека крајот на оваа пандемија, за да започне подготовки за следната, додаде тој.

– Не можеме да продолжиме да го правиме истото како порано и да очекуваме нешто поразлично. Ако не преземеме нешто, ќе останеме ранливи. Имаме проблем со споделување на податоци и технологии во областа на јавното здравство, истакна Аданом.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека појавата на нова пандемија е само прашање на време. Според него, денешната пандемија ќе покаже што треба повеќе да се стори за да се избегне повторување на пријавените недостатоци, вклучително и во смисла на интеракција меѓу јавните и приватните организации. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот